11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ и Ден на борецот
Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот – 11 Октомври беше достојно обележан и од граѓаните на Општина Велес. Во организација на ОО на СЗБ од НОВ и Општина Велес се одржа Свечена академија на која за значењето на овој национален празник говореше д-р Никола Стојановски – првоборец од НОВ. На свеченоста беа доделени признанија на активисти на боречката организација и на победниците на литературниот конкурс на тема од НОВ. Програмата ја збогатија учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“, Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ и КУД „Коле Неделковски“.
На Спомен-костурницата делегации од општината, институции и организации од Велес положија цвеќе на заедничкото почивалиште на борците, а членови на Литературниот клуб „Коста Солев Рацин“ говореа револуционерни стихови.