16-ти октомври Светскиот ден на гладните
Во последните 2 години Општина Велес ја интензивира соработката со граѓанските организации и институциите од областа на социјалната заштита. Особено е изразена соработката со Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Центарот за социјална работа. Токму оваа соработка придонесе помошта што Општина Велес ја дава на граѓаните кои за тоа имаат потреба да биде упатена на вистинското место.
Денес во просториите на ОО на Црвениот крст на прес конференција организирана од претседателот на ОО на Црвен крст д-р Милчо Трајков, Градоначалникот на Велес Горан Петров врачи помош од 30.000 денари за помош на 10 најсиромашни семејства од Општина Велес. Притоа ја истакна благодарноста до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвениот крст што во континуитет, во текот на целата година водат грижа за луѓето што не се во состојба сами за себе и своето семејство да обезбедат достојни услови за живот.
Изборот на семејствата на кои општината им додели еднократна помош го извршија заедно Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвениот крст.
Градоначалникот на Општина Велес и претседателот на Општинската организација на Црвен крст ги најавија и заедничките активности што следат во следниот период во неделата на стари лица и Денот на општината 9-ти Ноември.