„Сета таа убавина“ - „Жената-најфината творба на природата 2011-2012“

Во организација ЛУ Народен музеј Велес на 20-ти октомври 2011 година во Ликовниот салон беше отворена изложбата „Жената-најфината творба на природата 2011-2012“ што е дел од циклусот „Сета таа убавина“. Делата се сопственост на колекционерот Тихо Кондев, а изложбата во Велес е дел од Интернационалниот ликован караван што ќе патува по светот се до 2020 година. Првиот дел од циклусот посветен на женската убавина покрај во Велес ќе биде претставен и во Струга, Охрид, Кавадарци, Скопје, Куманово, Белград, Ниш, Бостон, Њујорк и Детроид. Во колекцијата се застапени и дела на велешки уметници.