Успех на велешкиот дебатерски тим

Дебатерскиот тим при Фондацијата „Фокус“ од Велес,  во состав: Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска го освоија второто место на финалето дебатирајќи со тимот од Хрватска. Во периодот од 28-30.10.2011 се одржа меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“во организација на Младинскиот образовен форум Финалниот натпревар се одржа на Факултетот за туризам и менџмент во Скопје, на кое се натпреваруваа дебатерски  тимови од Република Македонија, како и дебатери од Србија, Хрватска, Босна и Херццеговина, Албанија, Косово, Романија и САД.

 По тезите  „ Државата треба да и даде приоритет на слободата на граѓаните пред безбедноста” и „Државата смее да воведе рестрикции на сите алатки за комуникација во случај на немири“, се тезите на кои младите дискутираа поделени во тимови, афирмирајќи или негирајќи ја зададената теза што ги учи на критичко однесување и на аргументирана дебата.