Граѓаните учествуваа во креирањето на општинскиот буџет
Во организација на Општина Велес и Фондацијата „Фокус“,на 3-ти ноември годинава, во просториите на Општина Велес се одржаа јавни расправи по нацрт –програмите за активностите на општината во 2012 година. Над 150 граѓани пројавија интерес активно да учествуваат во креирањето на финалните верзии на програмите во девет области во надлежност на општината меѓу кои локалниот економски развој, образованието, културата, социјалната заштита.
И годинава јавните расправи беа насочени кон целни групи на граѓани: претставници на здруженија на граѓани и локални установи и претставници на урбаните и месните заедници. Особено голем интерес и овојпат предизвика Програмата за уредување на градежно земјиште која ја опфаќа изградбата и одржувањето на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина. Предлозите и идеите на граѓаните ќе бидат вградени во предлог-верзиите на програмите што треба да ги усвои Советот на општината. Интересот на граѓаните и овојпат покажа дека Општина Велес го избра вистинскиот пат за активно вклучување на граѓаните во одлучувањето како ќе се троши општинскиот буџет. По завршувањето на нацрт верзијата на програмата за спорт и млади, Општина Велес и Фондацијата „Фокус“ ќе организираат јавна расправа и за оваа програма.