Потпишан меѓуопштински Меморандум за соработка

Националното здружение на градежни работници од општина Асколи Пичено во регионот Маркони – Италија, во тридневната посета на Македонија претстојуваше во Велес на средба со Градоначалникот и Совет на општината и стопанствениците од градот. Причина за посетата е отворањето на канцеларија на Здружението со седиште во Скопје и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу општините Велес и Асколи Пичено.

 

Во своето обраќање до присутните Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров истакна: „Убеден сум дека Меморандумот за соработка потпишан во Италија и овој што го потпишавме денес се солидна база за развој на соработката на градежните фирми од Македонија и Италија. Тој претставува почетен акт за развој на заеднички дејности и пред се можности за инвестирање, унапредување и поддршка на стопански иницијативи согласно Планот за интернационализација на Република Македонија подготвен од Национално здружение на градежни работници на Асколи Пичено. Канцеларијата на Националното здружение во Република Македонија само ја потврдува сериозноста на истородните фирми од нашите две држави, но и сериозноста на општините да создадат што е можно поповолни услови за развој на стопанството“.

На чинот на потпишување присуствуваа голем број стопански субјекти од велез заинтересирани за соработка со Национално здружение на градежни работници на Асколи Пичено.