Велес и Сомбор од 9.11.2011 и официјално се збратимени градови

Градоначалниците ја потпишаа повелбата за збратимување. Очекувањата на надлежните, но и од граѓаните се дека во иднина ќе се развие соработка помеѓу двете населени места. „Освен повелбата нас не обврзуваат и стопанствениците кои развија соработка ,уметниците од колонијата кои ќе имаат изложба во Сомбор ,македонците од тој град и србите во велес ,а најмногу пријателството помеѓу двата народа", вели Горан Петров градоначалник на општина Велес.

 

Откако градоначалниците си разменија подароци, првиот човек на Сомбор се заблагодари на одличниот пречек во Велес. Очекува оваа повелба да биде старт на една убава соработка, на двата градови со слично историско минато, но и сегашност.

„Оваа соработка треба да биде од корист за сите наши и ваши граѓани. Тие треба да ги видат културите на двете места ,нисвните сличности ,но и разлики. Секако дека очекуваат оваа соработка да се развива и на економски план помеѓу фирмите", вели Немања Делиќ градоначалник на општина Сомбор.

Потпишувањето на повелбата за збратимување денеска ја проследија претставници од општините Велес и Сомбор, но и членовите на делегациите од веќе збратимените Слобозија и Ужице кои се гости во граот по повод 9-ти Ноември.