Промоција на филмот „Трагачи на звукот“
Филмот „Трагачи по звукот“ е документарна сторија за семејството Богдановски од Велес, единствените сертифицирани производители на виолини во Македонија. Филмот е во продукција на Огнен Антов и со него беше отворен годинешниот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Промоцијата се одржа на 8-ми ноември во салата „Бели мугри“.