Промоција на нови веб портали за услуги и туризам
Во рамки на свечените активности по повод Денот на Општина Велес, претходната вечер, на 8-ми ноември беа промовирани два нови веб портали на Општина Велес. Првиот портал е наменет за туристи и луѓе кои имаат желба да го посетат Велес или подобро да го запознаат. Порталот содржи информации од областа на културата, историјата, културното наследство итн. За подетално да се запознаете кликнете тука.
Вториот портал е наменет за граѓаните, коирисници на услугите на Општина Велес. Ова е портал на кој во иднина граѓаните ќе можат да ги пронајдат сите официјални документи кои произлегуваат од работата на општината и Советот на Општина Велес. Преку овој портал корисниците на услугите, преку интернет, во било кое време можат да пристапат во приватен дел каде можат да го следат статусот на нивните предмети кои се во обработка.
Во рамки на промоцијата свои видувања за развојот на информатичката тенлогија, развојот и значењето на електронските услуги за граѓаните говореа градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров, генералниот менаџер на Микрософт Македонија Илијанчо Гаговски и генералниот менаџер на Логин Системи, Венко Глигоров.