Изложба во куќата на Касапови

Во куќата на Касапови  се отвори изложбата на дела создадени на годинешната Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. За прв пат изложбата е во автентичниот амбиент во кој се создавани делата од две причини: Едно од делата е фреска на Св.Пантелејмон насликана во ниша од ѕидот на чардакот на куќата, а другата причина е промовирање на седиштето на колонијата во куќата на Касапови, за што Советот на Општина Велес донесе одлука на една од претходните седници.