Врачена актерската награда „Петре Прличко“

Во рамките на Програмата за обележување на роденденот на град Велес, синоќа токму на 9-ти Ноември, во Народниот театар на свечен начин беше врачена Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2011 . Годинешен добитник на ова признание е актерот Борис Чоревски. Според стручното жири, признанието му се доделува за неговата блескава актерска кариера и долгогодишно творештво, кое го сместува во еден од водечките актери во земјава.

Во чест на Борис Чоревски, велешкиот Народен театар ја одигра претставата „Треперења“ во режија на Нина Николиќ. Наградата „Петре Прличко“ ја востановија Општина Велес, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ – Велес и Здружението на драмски уметници на Македонија „Џинот“.