Заврши Фестивалот на питите и виното

Од 17- ноември и официјално започна сезоната на велешките пити пастрмалии и запивањето на виното од годинешната берба. Велес овие важни гастрономски производи и ги претстави на македонската јавност претходните 4 дена. Во четвртокот и петокот се славеше запивањето на младото вино во велешките ресторани, а викендот го обележа питијадата на велешките улици. Два дена покрај вино и пита во Велес имаше и добра забава од  традиционална музика, културно-уметничките друштва, бендовите и децата од Велес, естрадни ѕвезди од македонската музичка сцена и македонските идоли. Се одржа натпревар во брзо јадење пити пастрмалии, во брзо отворање шишиња и пиење вино....

Статистиката на крајот на викендот покажа дека во два дена на манифестацијата „Велешка пастрмалија – питијада“ се продадени околу 15.500 пити пастрмалии и 3.500 литри вино!

Студеното време упорните љубители на добрата капка и вкусна пита од улиците ги префрли во рестораните, па така вистинската  бројка сигурно е многу поголема. Важно е дека сите се задоволни – и угостителите и посетителите. Особено не прави горди што Н.Е. Францускиот амбасадор Шлумберже кој ја посети манифестацијата високо го оцени квалитетот на изложеното вино и вкусот на питите пастрмалии. Инаку, на 8-мата по ред „Питијада“ учествуваа 14 производители на пита и 6 винарии од Велес и регионот.