Ден на дрвото – засадија својата иднина

Есенската акција за пошумување „Ден на дрвото“ во Велес стартуваше во Градскиот парк со посета на претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов и неговото семејство. Во благородната мисија на озеленување на Велес покрај претседателското семејство и активистите на граѓанското здружение „Ден на дрвото“  учествуваа и членовите на Зелената коалиција, пратениците и членовите на Советот на Општина Велес, децата од ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“ и бројни граѓани. Во придружба на своите домаќини – претседателот на Советот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев и заменикот градоначалник др. Петре Саздов, претседателот на државата ја посети најфрекфентната велешка улица „Благој Ѓорев“ и кафулињата чии најчести гости се младите.