ЗЕЛС-ЕКСПО 2011 во знакот на инвестиции
Општина Велес по шести пат се претстави на саемот на општините во Република Македонија. Овој пат акцентот беше ставен на инвестициите и потенцијалниот развој на општините. Преку Вардарскиот плански регион и проектите што се изготвуваат за сите девет општини вклучително и Велес како негово седиште, преку туристичката понуда претставена во новиот печатен и видео материјал, со лични контакти на Градоначалникот со посетителите, претставниците на министерствата во Владата на Република Македонија и дипломатскиот кор, Општина Велес достојно се презентираше на саемот.
Општа оценка е дека штандот на Велес беше еден од најпосетените што е потврда на заложбите на Градоначалникот и Советот на Општина Велес во креирањето на политиката за развој на општината.
Во уметничкиот дел Општина Велес се претстави со најмладите – децата од ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“.