Светски ден на лицата со инвалидност

Светскиот ден на лицата со инвалидност во Општина Велес беше одбележан  со поголем број активности. Во тие рамки, во Ликовниот салон пред поголем број  корисници на Дневниот центар за лица со инавлидност, родители и граѓани се одржа  пригодна манифестација. Манифестацијата го означи завршетокот на проектот за социјализација на лицата со инвалидност, што заеднички го спроведуваа Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Дневниот центар.

 

На манифестацијата, поддржана од Комерцијална банка - Велес и Општина Велес, беа презентирани севкупните активности кои беа спроведени во рамките на проектот. Свечениот  чин  со музички точки го збогатија учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“, како и корисниците од  Дневниот центар за лицата со инвалидност.