5-ти Декември, Светски ден на волонтерството

Во речиси сите модерни општества, најосновна и најдоблесна од сите вредности е онаа луѓето да им помогаат на луѓето, а при тој процес да си помогнат и себеси. Развивањето на доброволната  работа, промовирањето на доброто е начин и подготовка на граѓанство во демократското општество. По повод 5-ти Декември, Светскиот ден на волонтерството, Градоначалникот Горан Петров упатува честитки до сите луѓе со алтруистички дух што за возврат за волонтерскиот труд добиваат насмевка. Општина Велес останува отворена за сите волонтерски потфати и акции со добра волја.