300 минути „Гол - шоу“
На 10 декември во спортската сала Гемиџии годинава по втор пат беше организирана манифестацијата 300 минути „Гол-шоу“. Настанот во хуманитарна цел се организираше под покровителство на Организацискиот одбор на Општина Велес. Настапија претставници на машки и женски фудбалски екипи од граѓанскиот сектор, институции и Советот на Општина Велес. На публиката и беше приредена 300 минути забава со благородна цел да се соберат средства за помош на лицата заболени од церебрална парализа.
Ниту ниските температури не ги поколебаа посетителите и натпреварувачите да бидат дел од овој хуманитарен ревијален натпревар и лично да придонесат за подобрување на животот на лицата со инвалидност. Општина Велес обезбеди дипломи за сите учесници, а на најуспешните им беа врачени пехари и трофеи по одредени категории.