Кампања 16 дена активизам против семејното насилство „Заедно да излеземе од мракот на насилството“
Општина Велес се приклучи во националната кампања 16 дена активизам против семејното насилство под мотото: „Заедно да излеземе од мракот на насилството“. Во Организација на жени - Општина Велес на 09.12. 2011 беше организирана панел дискусија на која претставници од граѓанскиот сектор и институциите одново повикаа за заедничко справување со овој горлив проблем. Насилството не е проблем само на жените-тоа е и општествен проблем. Според светските и домашните статистики најголеми жртви на насилствата се жените и децата. Насилството е злоупотреба на моќта и најповеќе е присутно во семејството каде според логиката на нештата семејната заедница би требало да биде најсигурно место за неговите членови.
Овој најекстремен облик на дискриминација во 21 век и е еден од главните механизми кои влијаат во одржувањето на нерамноправната положба помеѓу половите.
Панел дискусијата во Организација на жените на Велес отвори нови можности за продлабочување на соработката и јакнење на фронтот за борба против семејното насилство. Граѓанскиот сектор, Локалната самоуправа, Комисијата за еднакви можности, Министерството за труд и социјална политика, Македонското женско лоби, меѓународните организации се мрежа што не обединува.
Претседателката на Организација на жени Мирјана Трајкова, повика заеднички да се бориме против корените на насилствата кои лежат во патријахалните односи. Да дадеме придонес децата да не растат во семејства каде е присутно насилството и најави нови активности во наредниов период со кои преку едукација ќе бидат опфатени и жените од руралната средина.
Општина Велес е поддржувач и сојузник во заложбата за остварување на родовата еднаквост, рамноправност и остварување на женските права како човекови права.
Родовата сензитивност ја потврдуваме во праска со низа активности. Поддржуваме кампањи, едукации за превенција, отворено говориме за проблемот, соработуваме со МВР- СВР-Велес. Наши партнери се Центарот за социјална работа. Токму затоа и во Програмата за здравствена и социјална заштита на Општина Велес предвидени се средства за поддршка на жртви на семејно насилство и поддршка на активности за родова рамноправност.