Регионален натпревар по информатика
Регионален натпревар по информатика од основните училишта од општините Градско, Чашка и Велес.
Натпреварот ќе се одржи на
12-ти мај 2006 год. (петок) во ООУ„Трајко Андреев“- Велес
9.30 часот - Свеченото отворање на натпреварот
10.00 часот - Почеток на натпреварувачкиот дел
15:00 часот - Прогласување на победници
За првпат, на иницијатива на ОУ „Трајко Андреев“- Велес се
организира натпревар по Информатика од основните училишта во
Општина Велес и општините кои гравитираат околу градот, Градско и
Чашка.
Со добивање на компјутерска опрема од Владата на Република Македонија - Кинеска донација е овозможена поголема застапеност на информатиката како факултативен предмет во VI и изборен во VII и VIII одделение во сите основни училишта.
Со цел да се афирмира информатиката како област и да се потврдат и вреднуваат знаењата на учениците на повисоко ниво, да се разменат идеи, искуства и знаење, се појави идејата за формирање на овој натпревар.
Учениците ќе се натпреваруваат во содржини кои се застапени само во наставната програма за VII и VIII одделение.
Цели и задачи на натпреварот
Натпреварувачкиот дел ќе се реализира преку :
1.Решавање на тест

• ширење на информатичко-техничката култура кај младите ;
• откривање и стимулирање на талентирани ученици кои пројавуваат посебен интерес кон компјутерската техника ;
• развивање и негување на процесот на професионална ориентација на младите;
• поттикнување на младите за истражување во области на примената и градбата на компјутерите;
• размена и стекнување на нови знаења и вештини;
• развивање чувства и особини за заедништво , другарство и меѓусебна комуникација.
Натпреварувачкиот дел ќе се реализира преку :
1.Решавање на тест
Тестот содржи 15 прашања од познавањето на градбата, примената, работата и употребата на компјутерот во секојдневниот живот и работа.2.Работа на компјутер
Учениците изработуваат на компјутер задолжителна задача која ќе им ја додели комисијата.3.Покажи што знаеш-можеш
Поради специфичноста на самата област која го опфаќа натпреварот, на крајот од натпреварот на секој ученик ќе му биде дозволено да изработи и покаже што може и знае во програма или област од наставната програма која не била опфатена во задолжителната задача. Со овој дел ќе се стимулираат оние ученици-натпреварувачи кои слабо поминале на предходните дисциплини.