„Меѓаши“ во Велес
Првата детска амбасада во светот Меѓаши денес, 13-ти декември, оствари работна посета во Општина Велес. Средбата на локално ниво е континуитет на соработката со општината по учеството на тренинг за правата на детето со осврт на ранливите групи деца. Извршниот директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, г-динот Драги Змијанац загатна повеќе теми, ги наброја облиците на прекршување и неможнст за остварување на детските права. Воедно ја најави подготовката на Алтернативниот извештајот или Извештајот во сенка во кој ќе бидат сублимирани детектираните проблеми и потреби во Република Македонија за правата на децата и ќе биде доставен до Женева.
Фокус групата ја сочинуваа претставниците на општинската администрација, ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“, општинските основни училишта „Благој Кирков“ и „Ј.Х.К-Џинот“, претставник на згрижувачко семејство и НВО и претседателот на Комисијата за правата на детето при Советот на Општина Велес. Се отвори конструктивна дискусија за споделување на искуствата, за мрежна соработка и изнаоѓање нови форми на делување на општинско и државно ниво.
Тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги посети дечињата од градинка опфатени со проектот: „Социјална инклузија на деца Роми“ и едно Дом семејство, а на дечињата им поделија новогодишни пакетчиња со желби за многу животни радости.