Гимназијалците со републичка награда за противпожарна заштита
Најуспешната екипа на организираниот општински натпревар во квиз на знаење од областа на противпожарната заштита во Велес, се пласираше за учество на републичкиот натпревар и се врати со награда. Учениците од општинското средно училиште Гимназија „Кочо Рацин“ на 14-ти декември учествуваа на 27-миот Републички квиз натпревар за противпожарна заштита во Кичево. Во силната конкуренција, во категоријата јуниори, велешките гимназијалци импресионираа во квизот на знаење и го освоија второто престижно место. Општинскиот противпожарен сојуз е горд што екипата на општинското средно училиште Гимназија „Кочо Рацин“ имаше достојно претставување на републичко ниво и се врати со уште едно републичко признание.