Подароци за најдобрите во 2011 година

Свеченоста што Општина Велес секоја година ја организира во чест на новогодишните и божиќните празници, се одржа на 29 декември. Во своето обраќање Грдаоначалникот Горан Петров им се заблагодари на граѓаните за поддршката во работата во текот на целата година, им честиташе на постигнатите успеси и им посака среќа, здравје и бериќет во Новата Година. На свеченоста беа доделени наградите на најдобриот полицаец, пожарникар, комуналец, хуманист и занаетчија за 2011 година. Исто така беа наградени и граѓаните кои со празничното уредување на своите објекти придонесоа за зголемување на празничната илуминација на градот. На свеченоста беа врачени договорите за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2011/12 година. За уметничкиот дел на програната се погрижија децата од ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“, ООУ „Васил Главинов“ и пијанистот Антоније Аранѓеловиќ.