Машко првороденче во 2012
Треттиот ден, во 6 часот и 45 минути се роди првиот велешанец во Новата 2012 година. Првороденчето со цели 2600 грама донесе огромна радост на мајката Катерина и семејството Шопови кои го добија најубавиот новогодишен подарок. Прво па машко, малиот Петар е наследник на дедовото име и лоза и предвесник за стабилна година исполнета со благосостојба за велешани. Градоначалникот Горан Петров, традиционално го посети првороденчето во 2012 година и лично упати честитки за добро здравје и безгрижно детство исполнето со радости, а на среќната мајка и врачи пригодни подароци. Во 2011 година во Велес се родени 720 бебиња, оваа Новата 2012-та нека донесе многу многу повеќе.