58 велешани запливаа во реката Вардар по светиот крст

Дваесет и едно годишниот Антонио Тасевски го фати светиот крст во Вардар на денешниот христијански празник Богојавление Водици. Тој беше најсреќниот од деветмината другари кои денеска запливаа во Вардар по светиот крст. Минатата година не успеал, но годинава имаше среќа. Не му пречеше ладната вода да доплива прв до крстот. „По втор пат учествувам. Најпрво за здравје, а потоа и за среќа и благостостојба. Не се подготвував нешто специјално само решивме да се пријавиме и ете го фатив крстот и многу сум среќен", рече Антонио.
 
Среќниот Антонио, Владиката Агатангел го благослови и му подари златен крст и Светото писмо. Со разни подароци го опсипаа општината, јавните претпријатија и бизнисмените.
 
Најголемиот  од христијанските празници, Богојавление Водици, денеска го проследија илјадници велешани. Застанати од двете страни на реката возбудено го следеа осветувањето на водата и фрлањето на крстот.
 
„Ние македонските христијани од градот Велес од Повардарската епархија го чествуваме големиот христијански празник Богојавление или крштевање Господово. Денеска сите ние излеговме покрај водите, ја осветивме нашата најголема река Вардар а преку осветувањето на реката ги осветуваме сите потоци , извори, притоки", рече  Владиката Агатангел.
 
Годинава по светиот крст запливаа педест и осум велешани. Настанот го следеа илјадници граѓани.