Општина Велес ја доби надлежноста за продавање на градежното земјиште
Од почетокот на месецов Општина Велес ја доби надлежноста од Министерството за транспорт и врски за продажбата на градежното земјиште. Пред два дена ја добивме лиценцата за продажба на градежно земјиште, за што е формирана и комисија. Сите предмети кои беа вратени од министерството како незавршени за продажба, ќе се довршат и стават на продажба. Така започнавме да го остарувавме нашето децентрализирано право да го продаваме градежното земјиште, во постапка и процедура која нема да се разликува до досегашната – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.