Помош за жителите на Ветерско
Снежното невреме ја прекина врската со 4 села во Општина Велес и ја прекина врската со светот на мештаните. Жителите на селото Ветерско се обратиле за помош до ОО на Црвен крст пред се заради потребата од лекарства за дел од нив. Во Ветерско живеат 7 семејства, претежно стари луѓе. Волонтерите на ОО на Црвениот крст од Велес денес тргнаа во хумана мисија полна со неизвеснот дали ќе стигнат до крајната цел. Патот до селото не е прооден и добар дел од него тие ќе мора да го поминат пеш, а помошта да ја пренесат со ранци.
Помошта се состои од основни прехрамбени намирници, средства за хигиена и лекарства – донација од Општина Велес. Доколку има потреба општината ќе ги помогне и другите хумани акции на Црвениот крст.