Првиот македонски гастрономски лексикон „Мак гастро“

На 03.02.2012 во просториите на ССОУ Коле Неделковски се одржа промоцијата на Првиот македонски гастрономски лексикон „Мак гастро“. Во друштво на нашите сограѓани ,Австрискиот амбасадор ,преставниците на Култур контакт ,учениците со коктел забава го означија крајот на неколку месечното истражување,креирање и реализација на овој лексикон како конечен производ на тренингот за проектен менаџмент.

 Овој прв Македонски гастрономски лексикон е плод на работата на учениците од гастрономската насока во  ССОУ Коле Неделковски под водство на професор Руска Ајтова потпомогнат од Хотел Романтик , како дел од пректот ТУР РЕГ во реализација на Култур Контакт финансиран од  Austrian development cooperation.

Тргнувајки од потребата на секој современ готвач да ја познава стручната терминологија која се користи во угостителството ,имињата на одредени традиционални јадења ширум светот чии вкусови се познати низ светските ресторани и чие потекло е од  англиски,француско и германско говорно подрачје го направивме овој македонски гастрономски лексикон за да им ја доближиме светската гастрономија  на  идните  готвачи или угостителски работници.

Придобивките од овој проект ке ги почуствува пошироко заедницата на келнери и готвачи во нашата држава, стопанските субјекти (хотели,ресторани, кафе барови) со подигање на едуцираноста на професионалните готвачи и келнери ( со тоа што ќе можат да ја користат стручната терминологија во своите истражувања по интернационални искуства) содветно на тоа и подигање на  квалитетот на нивната работа во објектот.