Рестрикција на електрична енергија

Владата на  Република Македонија прогласи енергетска криза и донесе препораки  за максимално штедење  на електрична  енергија. Општина Велес  согласно препораките на Владата врши рестрикција на јавното осветлување со цел да се одржи сигурноста и стабилноста на напојувањето на домаќинствата со електрична енергија. Од  вчера  13.02.2012  на територијата   на Општина Велес почнаа  да се применуваат препораките на Владата со тоа што се исклучи  декоративното осветлување и делови од мрежите за улично осветлување  каде во овој период од годината фрекфренцијата на движење е намалена- Градски парк, Долни дуќани-Манастир Св. Димитрија, Езеро Младост,Кејот на реката Вардар и други  јавно- прометни површини. Општина Велес апелира до правните и физички лица, да се придржуваат кон препораките на Владата и секој во своите можности да придонесе во штедењето на електрична  енергија.