Натпревар по сообраќајно-техничка култура на младите

ImageНа натпреварот учествуваа 7 средни училишта и тоа:
  • СОУ „Кочо Рацин“, ОСУ„ Јовче Тесличков“ и УСО „Коле Неделковски“ од Велес
  • „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино
  • СОЗШУ „Ѓорче Петров“, ДССУ „Киро Спанџов-Брко“ и „Добри Даскалов“ од Кавадарци

Натпреварот започна со решавање на тест од познавање на правилата и прописите од безбедноста на сообраќајот на патиштата, па продолжи со практичниот дел односно вешто возење со велосипед со мотор и оценско возење т.е. возење низ град.

Сите категории се бодираа посебно, а на крај вкупниот резултат од трите категории го даде победникот, па така во екипен пласман редоследот беше следниот:

  • прво место - „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци
  • второ место - „Добри Даскалов“ од Кавадарци
  • трето место - „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино

Во екипен пласман не беа бодирани училиштата ОСУ„ Јовче Тесличков“ и УСО„Коле Неделковски“ од Велес затоа што екипите не им беа потполни т.е. учествуваа само со по двајца натпреварувачи.

Во поединечен пласман редоследот беше следниот:
  • прво место - Петар Марковачев од „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци
  • второ место - Јован Јанкуловски од „Добри Даскалов“ од Кавадарци
  • трето место - Ванко Јорданов од „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци

Победниците во поединечноит пласман добија пригодни награди (заштитни кациги).

Од првопласираните тројца ќе се формира екипа која ќе учествува на Државниот натпревар по сообраќајно-техничка култура на младите, кој ќе се одржи во Струмица на 26, 27 и 28 мај

Image

Image

Image

Image