Делото на Жинзифов ги премости вековите

„Делото на Жинзифов ги премости вековите“ е мотото под кое годинава се обележува 135 годишнината од раѓањето на овој македонски великан чие чествување е дел од Програмата за култура на Општина Велес за 2012 година. ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари во текот на месец февруари организира низа настани за достојно сочувување на ликот на литературниот деец. Во рамките на програмските активности вчера на 23 февруари, на свеченоста во преполниот Ликовен салон се обрати директорката г-ѓа  Рефика Селмановиќ, а учениците изведоа програма во чест на нивниот патрон.

Изведбата на литературниот и музички колаж со извадоци од ненадминливото творештво на Жинзифов, не остави рамнодушен никој од присутните. Во продолжение на настанот, пригодна реч за животот и делото на Жинзифов одржа проф. д-р Науме Радически од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Денес (24.02.2012) во училиштето „Рајко Жинзифов“ продолжија чествувањата со програмата „Шарен цвет за весел детски свет“  во чест на Зеленото знаме, симболот што ова училиште го добива по втор пат во рамките на проектот „Еко-училишта“.