Одбележани 8 години од падот на владиниот „Кингер“

На 26 февруари се навршија 8 години од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и членовите на претседателскиот кабинет. Меѓу загинатите е и нашата сограѓанка Анита Кришан Лозановска. На годишнината од смртта на нејзиното вечно почивалиште на гробиштата на црквата „Св.Спас“,  покрај најблиското семејство почит и оддаде и делегација од Собранието на Република Македонија, Општина Велес, претставници на јавни претпријатија, политички партии и граѓани.