Општина Велес на регионален конгрес
На 23 и 24 февруари 2012 година во Белград, Република Србија, во организација на Националната алијанса за локален економски развој - НАЛЕД се одржа Регионален конгрес на тема: Југоисточна Европа – Регион на поволно бизнис опкружување. Врз основа на опсежни анализи правени од стручни лица ангажирани од Управниот одбор на НАЛЕД , а во соработка со ЗЕЛС , акцентот е ставен на општините Велес, Струмица, Штип и Струга, како најдобро подготвени оппштини и идни кандидати и носители на проектот за подобрување на локалниот економски развој. Учесници на Регионалниот конгрес од Република Македонија беа претставници од наведените општини, Министерството за економија и ЗЕЛС. Проектот ќе има своја промоција и во Република Македонија.
Суштината на овој проект е исполнување на поставените критериуми од страна на НАЛЕД, кои нашата Општина во најголем дел веќе ги има исполнето. Она што укажува на големата сериозност со која се приоѓа на проектот промовиреан на овој конгрес, е фактот што финансиер на овој проект е Република Германија. Овој проект веќе се имплементира во Република Србија и присутните имаа можност да ги слушнат искуствата од него претставени на од највисокиот државен и економски врв на земјата.


