Чисти понеделник на Мегдан
Чисти понеделник е првиот ден на велигденскиот пост. За домакинките значи темелно чистење на куќата, особено на кујнските садови, отстранување на секоја мрснотија што може да го наруши седум неделниот пост. Традицијата налага на овој ден да се јаде бел грав и варена царевка. Велешани доследни на традицијата започнувањето на постот со децении го прават организирано, на велешките маала од две причини – да се дружат и да не им пречат на домаќинките во чистењето на домот.
Вчера на чисти понеделник највесело беше на Мегдан каде се собраа голем број велешани од сите маала, но и оние кои одамна не живеат во Велес. Од вкусниот бел грав пробаа и членови на Советот и Градоначалникот на Велес.
