Стандардите во пописот на архитектонското наследство
Во организација на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, на 9-ти март (петок), 2012, со почеток во 10 часот, во просториите на општина Велес ќе се одржи конференција на тема „Стандардите во пописот на архитектонското наследство“. На конференцијата, за практиките на заштита на архитектонското наследство во Република Франција ќе зборува г-дин Антоан Бругерол, експерт на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, архитект за културно наследство. Општина Велес – седиште на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство ги поканува граѓаните кои имаат интерес за европските трендови во заштитата на архитектонското наследство да присуствуваат на конференцијата.