Обележан 17 Март – Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителите

Општинската организација на Црвениот крст од Велес го обележа 17 Март, Денот на Црвениот крст и крводарителството во Република Македонија. Празникот беше можност да се искаже благодарност на сите волонтери, активисти, поддржувачи и помагатели на хуманоста, пред се на крводарителите. На оние што подале рака за да спасат живот по 50, 75 и 100 пати им беа врачени признанија. Сепак, најголемото признание се среќата и насмевката на спасените.

 

Восхитувачки е што во 2011 година во организација на ОО на Црвениот крст се собрани повеќе од 4000 крвни единици. Ако се претвори во литри ???

Годинешното чествување беше во знак на активностите на волонтерите во 2011 година – годината на волонтерството. По тој повод беше отворена изложба на фотографии на кои трајно се регистрирани сите хумани гестови и доброволни ангажирања на луѓето што работат од човекољубие.

Обраќањата на д-р Милчо Трајков, претседател на Црвениот крст на Македонија и ОО на Црвен крст Велес и на Градоначалникот Горан Петров само потврдија дека скромните хумани луѓе се столбот на кој можеш да се потпреш кога ти е најтешко.