Стартуваше проектот „Подобро е заедно“
Општина Велес со средства од Буџетот го поддржа проектот на ЗГ „46664“ со наслов „Подобро е заедно“. Целта на проектот е подобро меѓусебно запознавање на националните структури и потенцирање на потребата од соживот, толерантност, човечност, хуманост и цивилизираност. Воведничари на првата работилница беа отец Ристе Јанушев – претставник на МПЦ – Епархија Повардарска, ефенди Адем Чоревски, муфтија од Исламската верска заедница и г-дин Ангел Киров – Филозоф. Тие пред бројната публика со различна национална, возрасна и полова структура успејаа да предизвикаат голем интерес за меѓусебно разбирање и запознавање, за учењето на религиите кое во суштина има иста крајна цел – чесен живот, мир и меѓусебно помагање. Овој проект е во корелација со проектните активности на Општина Велес „Безбедни училишта, хармонична средина“ и придонесува за прифаќање на различностите, не насилно однесување, толеранција и соживот во заедницата.