Потпишан меморандум за соработка, за проектот Бизнис пријателска сертификација - Меѓународен печат за квалитет за Бизнис пријателски општини
Денес во Скопје на свечен начин во просториите на Хотел Александар Палас беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Велес претставувана од Градоначалникот Горан Петров, заедно со Општина Штип, Струмица, Струга и ЗЕЛС претставувана од Претседателот Коце Трајанов, Сојузот на Стопански комори, претставуван од г. Златко Калеников, Министерството за економија во Владата на Република Македонија, претставувано од Министерот г. Ваљон Сарачини и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија претставувана од Директорот, г Висар Фида. Предмет на овој меморандум е воспоставување на соработка помеѓу горе неведените потписници со цел тесна координација , планирање и реализација на взаемните активност со проектот Бизнис пријателска сертификација-Меѓународен печат за квалитет за бизнис пријателски општини.
Овој проект е поддржан од Германското друштво за интернационална соработка, а финансиран од Германското сојузно министерство за соработка и развој.
Проектот предвидува сертификација на општините со што Општина Велес ќе биде поддржана во процесот на подобрување на сопствените услуги и градење на капацитетите во локалниот економски развој, ќе се унапредат економските односи, ефикасноста на општините во економскиот сектор, зајакнување на капацитетите на општината во меѓународната конкуренција.
Со реализирање на проектот Општина Велес ќе ги исполни и соодветните критериуми околу формата и содржината на документацијата, олеснување на процесите за добивање соодветна документација, утврдување на роковите, сето она што пред странските инвеститори ќе даде гаранција дека се работи за стабилна општина, општина што е европски ориентирана и подготвена да прифати обврски што ќе гарантираат сигурност за домашните и странските инвеститори.
Токму ова го нуди проектот Бизнис пријателска сертификација – Меѓународен печат за квалитет за бизнис пријателски заедници. Исто така морам да споменам дека проектот се реализира во вистинско време, во период кога Владата на Република Македонија широко ги отвора вратите за влез на светскиот бизнис. Промоциите на Македонија во светот, нејзините природни, технички и стручни потенцијали, го будат интересот за инвестирање во Македонија. Ние, општините што сме дел од овој проект имаме можност да ја искористиме предноста на сертифицирани општини и да бидеме првите каде ќе влезат овие инвестиции - рече Градоначалникот Горан Петров денес при потпишувањето на меморандумот.