Велигденско јајце
Во пресрет на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден по осми пат Општина Велес беше организатор на манифестацијата „Велигденско јајце“. Учесници беа учениците од сите основни и средни училишта на територијата на Општина Велес, Општинскиот ученички дом, детската градинка „Димче Мирчев“, младите на ОО Црвениот крст – Велес заедно со децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби и Друштвото за грижа за деца заболени од церебрална парализа. Креативноста во бојосувањето и украсувањето на велигденските јајца учениците и наставниците имаа можност да ја покажат пред велешани кои го искористија убавото време да ги посетат богатите штандови , да уживаат во детските креации и пред празникот да купат велигденско јајце. Манифестацијата, која предизвикува голем интерес кај велешани е од продажен карактер. Собраните средства училиштата ги користат за свои потреби.