Спомен - обележја за Панко Брашнар и Андреја Петкович
Од 10 до 12 април 2012 година, делегација на Општина Велес прстојуваше во работна посета на Ријека и Загреб во Република Хрватска каде присуствуваше на два значајни настани поврзани со културно-историската традиција,на Велес, во чест на делата што македонските дејци - велешани по потекло , како печат на своето постоење ги оставиле во Хрватска.Во Ријека, делегацијата на Општина Велес, предводена од градоначалникот Горан Петров, присуствуваше на откривањето на спомен плоча на Андреја Петкович - родум од велешко Башино село, кој цели 20 години бил амбасадор на Царска Русија во Ријека.
Македонската јавност, досега, многу малку знаеше за делото на Андрија Петкович-(дипломат,писател, превдеувач на македонски народен говор) брат на Константин Петкович кој веќе и е познат на македонската историографија. Благодарение на тројца научни работници – македонисти, Др. Горан Калоѓера, Др.Васил Тоциновски и Др.
Ирвин Лукежиќ, во италијанските архиви, се откриени нови сознанија за животот и делото на Андрија Петкович,кои претставуваат дополнување на богатата македонска културна ризница.Следејки го делото на Петкович, амбасадорот на Р.М во Хрватска , неговата екселенција Данчо Марковски, на пригодна свеченост во Градската библиотека во Ријека и подари 1400 наслови од македонски писатели со што пред хрватската читателска публика ги стави на увид најновите уметнички достигнувања на современата македонска поезија и проза.
Посебно свечена и достоинствена беше посетата на делагацијата на Општина Велес, на градските гробишта Мирогој во Загреб, каде на свечен начин беше откриено спомен одбележје на велешкиот учител Панко Брашнаров. Пред околу педесетина македонски иселеници во Хрватска, за делото на Брашнаров говореа Градоначалникот на Велес г-дин Горан Петров и Амбасадорот на Р.М. во Хрватска г-дин Данчо Марковски.”Велес памети и никогаш нема дозволи заборавот да ги прекрие делата на големите велешани, оние од чие дело се напојуваат генерациите што доаѓаат, со откривањето на ова спомен одбележје, Општина Велес го означува привеременото почивалиште на велешкиот учител и го започнува процесот за враќање на неговите посмртните останки во неговиот роден Велес, во Македонија земјата на која и го посвети целиот свој живот” – меѓу другото, во своето обраќање рече градоначалникот Петров . По положувањето на венци и свежо цвеќе од страна на официјалните делегации , оваа историска посета на Општина Велес беше заокружена со изведба на химната на Велес “Миле Поп Јорданов”, изведена од страна на музичката секција на вокално инструменталниот состав “Езерки” од Загреб.