Работилница на тема: „Презентирање на начините на кои општината ги информира граѓаните“
Во организација на Младинскиот клуб при Фондацијата Фокус денес во општинската зграда за младите велешани се одржа работилница на тема: „Презентирање на начините на кои општината ги информира граѓаните“. Ова е прва работилница од низата активности предвидени во Стратегијата за млади на Општина Велес. За начините и постоечките форми на информирање на граѓаните говореа: Марија Настова, Катица Чадиева и Сашко Ристовски, раководители од општинската администрација. Покрај бројните примери на востановени практики и иновациите во услугите на е-општина, младинците го посетија и Граѓанскиот сервис центар.
Во следната работилница предвидено е учесниците да достават свои предлози за унапредување на нивото на информирање на граѓаните. Општина Велес и во иднина останува партнер за соработка и поддржувач на нови креативни идеи од младите.