Детски семафор - 2012

На ден 20.04.2012 година во просториите на ООУ „Васил Главинов“ во Велес се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор“ во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес. На натпреварот се пријавија 5 основни училишта и тоа 4 од Општина Велес и 1 училиште од Општина Градско. Учениците се натпреваруваа во 2 дисциплини и тоа: проверка на познавањето на сообраќајните знаци и прописи преку решавање на тест и вешто  возење со велосипед  на предходно подготвениот полигон.

Натпреварувачите се бодираа екипно и поединечно. Првото место екипно го освои ООУ „Рајко Жинзифов“ од с.Горно Оризари. Наградата, велосипед, за освоеното прво место ја додели спонзорот на натпреварот Испитен центар на здружение на возачи Велес. Најдобрите 6 натпреварувачи се составен дел на  екипата која ќе се натпреварува на Регионалниот натпревар „Детски семафор“ кој ќе се одржи на ден 28.04.2012 година во 09.00 часот во Кавадарци.

Организацијата и реализацијата на натпреварот беше поддржана и од Општина Велес.