Соработка меѓу општините Велес и Вараждин
Општина Велес во своите напори за развој на стопанството во континуитет ја развива меѓународната соработка и афирмација на велешките стопанственици надвор од границите на Република Македонија. Во тој контекст, а по претходни контакти и договори со Општина Вараждин – Република Хрварска и со цел да се забрза развојот на заедничките дејности, во Општина Велес од 02.05 до 04.05.2012 ќе престојува хрватска делегација. Во рамките на посетата ќе се одржи средба со стопанствениците од двете општини, како и Вардарскиот Регион и Вараждинската Жупанија. При посетата ќе се потпише и Писмо за разбирање како темел за идна соработка помеѓу двата града.