109 годишнина од солунските атентати
По повод 109 годишнината од солунските атентати делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на борците, политички партии и здруженија на граѓани положија букети цвеќе пред споменикот на Гемиџиите во Велес. Во знак на чествувањето на Гемиџиите и нивната саможртва за Македонија, пред паметникот на великаните говореше Слободан Ников, раководител во ПЕ на Државниот архив на Македонија. Делегација на Општина Велес, предводена од градоначалникот Горан Петров, му оддаде почит на најмладиот Гемиџија, Милан Арсов на неговиот гроб во село Ораовец, а се поклони и пред гробот на војводата Јован Наумов - Алабакот.