ПРВА СРЕДБА НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН И ВАРАЖДИНСКАТА ЖУПАНИЈА

По вчерашното потпишување на Писмото за разбирање меѓу општината Велес и градот Вараждин од Република Хрватска, денес дојде и до прва официјална средба меѓу Стопанствениците од овие два региона. Во присуство на претставници од Стопанската комора на Република Македонија, Регионалната стопанска комора на Вардарскиот регион и Стопанската комора на Вараждинската жупанија беа остварени контакти на 7 претпријатија и картели од Хрватска и 26 претпријатија од Македонија, претежно од Велес и регионот.

Како што истакна Градоначалникот Петров во своето поздравно обраќање, неколку часовното дружење на најуспешните двигатели на економскиот развој од Вараждинската жупанија и Вардарскиот регион ќе резултираат со воспоставени контакти, договорени средби и конкретни активности што во блиска иднина ќе придонесат за отворање на нови пазари за нашите стопанственици. Токму тоа е и целта на ангажирањето и несебичното залагање на раководството на Велес и Вараждин – да создадат услови за нови пазари и стимулирање на развојот на локално ниво и да обезбедат услови за промовирање на сопственото стопанство.

Иницијативата за оваа средба е на Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска и НЕ Данчо Марковски и сердно поддржана од Хрватската амбасада во Република Македонија.