Проектни активности на Општина Велес и УНДП во намалувањето на ризиците од катастрофи

УНДП и Општина Велес со 22 илјади долари  вложени на четири локации во градот,  извршија санација на карпи кои се заканува по велешани, со што ги намалија ризиците  од несреќа.  Овој проект се работеше две години, за кој период беа санирани карпести блокови над црквата Св. Пантелејмон како и три камени блока над индивидуални куќи во градот. Општина Велес вложи  11,2 илјади долари, УНДП  10,3 илјади долари а во детектирање на проблемот беше вклучен и  Центарот за Управување со кризи.  Оваа проектна активност беше дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на Центарот за управување со кризи“. Главната цел на овој проект беше да се поддржат централната и локалните власти во зајакнувањето на системот за управување со кризи и да се озбезбеди ефективна и навремена реакција од природни катастрофи.

 Втор дел на проектот се  спроведе во областа на образованието преку испорака на мапи на катастрофи, зголемени нивоа на подготвеност и реакција на властите и заедниците преку создавање на програма „Обука за обучувачи“. Беа спроведени обуки во 2 основни училишта и 1 средно училиште, инсталација на сигнализација за евакуација и узбуна, вежби за обука за тестирање на функционалноста плановите за заштита и спасување, вежби со симулација за зајакнување на капацитетите, а сето тоа во функција на  подготвеноста на локалните власти и училиштата, извршување на обука за заштита и самозаштита за жените и инвалидите. 

Инвестирањето во активности за намалување на ризиците од катастрофи обезбедува  побезбедна иднина за граѓаните на Велес. Еден долар вложен  во превенција заштедува седум долари дадени за поправка. Затоа е важно да се инвестира денеска за обезбедување на утрешнината – рече Александро Фракасети  заменик  на постојаниот претставник на УНДП во Македонија.