Работна посета на Претседателот на Р.М. во Велес
„Корисна посета на општината Велес. Имав прилика да се уверам дека
процесот на децентрализација е успешно спроведен. Дека сите ингеренции
доделени на општината согласно новата законска регулатива се преземени
и на успешен начин се вршат и пред се тоа се прави во корист на
граѓаните.“, изјави на средбата со новинарите Претседателот Бранко
Црвенковски кој оствари целодневна работна посета на Општина Велес.
Во рамките на посетата на Велес,
Претседателот на Република Македонија оствари средби со Градоначалникот
Аце Коцевски, претседателот на Советот на општината и координаторите на
советничките групи на кои се разговараше за процесот на
децентрализација, тековните проблеми, приоритетите и предлозите на
општината за надминување на проблемите.
Особен интерес Претседателот Црвенковски пројави за заложбите на Општина Велес за намалување на невработеноста преку отворање на две индустриски зони со соодветна инфраструктура.
Претседателот Црвенковски во придружба на Министерот за финансии Никола Поповски, Градоначалникот Аце Коцевски и пратеникот Рафет Муминовиќ го постави и камен темелникот на новото Општинско основно училиште „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари. Поставувањето на камен темелникот беше поздравено од жителите на Горно Оризари за кои изградбата на училиштето значи решавање на голем број горливи проблеми со кои досега се соочуваа децата, нивните родители и наставниот кадар.
При престојот во Горно Оризари, Претседателот ја посети и дисперзираната канцеларија на Општина Велес со бесплатна Интернет точка, прва од ваков вид во Република Македонија.
Во рамките на работната посета на Велес Црвенковски го посети Домот на невладини организации каде оствари средби со координаторите на Центарот за поддршка на невладини организации и претставници на здруженија на граѓани од Велес. Најактуелни теми на разговор покрај функционирањето на НВО секторот и соработката со Општината, беа предлозите на здруженијата на граѓани за подобрување на условите и зајакнување на НВО секторот. На средбата, Претседателот покажа особен интерес за проектите што се реализираат во сферата на екологијата.
Црвенковски оствари средба и со претставници на бизнис секторот во Велес на која се разговараше за тековните потешкотии и приоритетите за развој на мали и средни претпријатија како основа за локален економски развој.
Претседателот Бранко Црвенковски, го посети и Народниот музеј во Велес и положи цвеќе пред споменикот на Велешките илинденци и споменикот на Кочо Рацин во центарот на Велес.