MOTO BEACH PARTY - 2012

Најмасовно и најубаво досега – вака учесниците на третата по ред манифестација Мoto beach party го окаракреризираа денешниот настан. На 12 мај Велес беше центар на бајкерите од Македонија и околните земји. Со дефиле низ велешките улици ги поканија велешани да им се придружат на забавата која започна уште во 16 часот. ДЈ Антонио Велковски, велешките рок бендови, „Crossroad blues band “ и „Day Off“ им приредија на присутните вечер за паметење. Плажата и целиот капацитет на хотел „Романтик“ беа исполнети до последното место. Задоволството не го кријат ниту организаторите  Општина Велес  и Мото клубот „Носачи на крстот“.