Велес домаќин на регионална работилница

Министерството за труд и социјална политика и Секторот за еднакви можности во соработка со канцеларијата на UN Women во Република Македонија го имплементираат проектот “Спроведување на Резолуцијата 1325 на Советот за Безбедност на ОН (РСБ ОН) за жени, мир и безбедност на Западниот Балкан (2011-2013)” . Во рамките на проектот, се изработи прв Нацрт Акциски план за имплементација на Рез.1325, од страна  на работна група. Денес во Општина Велес се одржа последната регионална работилница за подигнување на јавната свест со што се заокружи циклусот на промовирање на Резолуцијата 1325 по општините во Република Македонија. Резолуцијата 1325 ја промовираше проф. д-р Лидија Георгиева од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Една од главните цели на работилниците е да се добијат и мислења од локално ниво по однос на Нацрт акцискиот план за имплементација на Рез.1325. На работилницата покрај претставници на институции од градот учество земаа и претставници од општините Градско, Чашка , Лозово и Кавадарци.