ЕУ автобус во Горно Оризари
Во рамките на проектот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија под наслов „ЕУ одблизу“ автобус на ЕУ го посети Горно Оризари со цел да се оствари директна комуникација со граѓаните од руралните области и на тој начин непосредно да се презентираат информации за ЕУ и да се образложат добивките и обврските кои произлегуваат од зачленувањето во Унијата. Делегацијата на ЕУ ја предводеше НЕ Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската Унија.
Домакин на делегацијата беше МЗ и истурената канцеларија на Општина Велес во Горно Оризари. Претставниците на Канцеларијата на ЕУ покрај со месното население остварија контакт и со Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров, пртетседателот и членови на Советот на Општина Велес и претставници на Вардарскиот плански регион. Жителите на Горно Оризари имаа можност во непосредна комуникација со тимот од ЕУ автобусот да постават секаков прашања поврзани со Европската Унија, пристапувањето на земјата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата.