110 години од смртта на Петар Михов

Во мај оваа година се навршуваат 110 години од смртта на Петар Михов, учителот  кого македонската историја го памети и како директор на Гимназијата во Велес, учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години по формирањето на ТМРО.  Во април 1902 година е одведен во скопскиот затвор Куршумли Ан, каде е ѕверски мачен и пронајден мртов во својата келија. На 21 мај, 2012 година во 11:00 часот, делегација на Општина Велес ќе го посети гробот на Петар Михов во дворот на црквата Свети Спас.